МПС: Фијаско на ширачите на пропаганда и невистини, на протест се собраа 29.5 лица

од Vladimir Zorba

Денешниот собир на една мала група ширачи на пропаганда и невистини од некои си синдикати вроди со голем успех и тоа за разлика од претходниот протест на кој имаше околу 28,5 лица денес бројката драстично се зголеми на 29.5 лица, но тоа не е бидејќи се зголеми поддршката за истите туку бидејќи им се приклучи една ФБ група со преку 5.000 поддржувачи. Почитувани колеги недозволувајте да ве манипулират една група „ратни профитери“!!!, реагираат од Македонскиот полициски синдикат (МПС) на дененшиот собир.

Колегите уште еднаш ја препознаа неискреноста и задните намери на овие таканаречени синдикати, групи што ли се и тие самите незнаат!!!!
Репрезентативниот Македонски полициски синдикат заедно со актуелното раководство на МВР во овие изминати години започнувајќи од 2017 година континуирано вложува во полицијата и го вреднува секој еден полициски службеник.

Тоа го покажавме преку набавките на нови униформи за сите припадници на полицијата, со реконструкција на преку 70 објекти на МВР низ државата, опремување на организационите единици на полицијата и исплаќање на три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а следи и бонус плата за 2021, порамнување на платите како и нивно покачувањетите за 5% за сите вработени, почнувајќи од септември 2022 година“, се додава, меѓу другото, во реакцијата на МПС.

Слични содржини