Му ставил сол во резервоарот од возилото и го оштетил моторот

од Берта Китинска

Во ОВР Кавадарци, вчера кавадарчанецот З. С. (57) пријавил дека во прериодот од 11.06.2020 до 14.06.2020, непознат сторител ставил сол во резорвоарот во неговиот автомобил „лада“ со кавадаречки регистарски броеви, кој бил паркиран во дворот на викендицата во село Шешково.

Притоа, дошло до оштетување на моторот на возилото. Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини