Мурињо одговори за Ибрахимовиќ

од Maja Serafimova

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо ги коментираше гласините дека може да го донесе Златан Ибрахимовиќ на „Лондон“ стадионот.

Специјалниот го привлече Швеѓанецот во Манчестер Јунајтед во 2016 година, но сега ја отфрли можноста двајцата повторно да работат заедно, бидејќи Тотенхем веќе го поседува Хари Кејн.

– Јас имам одлична врска со него. Тој е неверојатен играч и исклучителен човек, но јас би рекол дека нема шанси да дојде во Тотенхем. Веќе го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Еден од двајцата или тројца од најдобрите во Европа. Нема смисла да го привлекуваме, под услов дека го имаме Хари Кејн, рече Мурињо.

Слични содржини