МВР: Во државен карантин се спроведени 235 лица

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници во изминатиот викенд:


Констатирани се вкупно 2536 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 620 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 1166 контроли во објекти при што евидентирани се 7 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата, од нив 268 контроли се извршени во изминатото деноноќие.
На територијата на целата држава на вкупно 1331 лице им се издадени решенија за изолација, а 365 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 8 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 235 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Слични содржини