МЗШВ: 9.055 полјоделци поделија 257,9 милиони денари дополнителни субвенции за користење сертифициран семенски материјал

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.

од Бети Божиноска

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за употреба на сертифициран семенски материјал.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои во производната 2022/2023 година имаат засеани со сертифициран семенски материјал и ожнеани површини со пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка, освен за ориз без употреба на сертифициран семенски материјал.

Кон 9.055 полјоделци извршена е исплата во вкупна вредност од близу 260 милиони денари.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Кај дополнителните плаќања за сончоглед и маслодајна репка висината на поддршката е 4.500 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Додека кај дополнителните плаќања за ориз поддршката изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал.

Следува исплатата на субвенциите за тутун за реколта 2023, како и реализацијата на дополнителните мерки, од делот на сточарството за огледувачите на говеда и кози, како и мерките за органско производство, поддршката за подрачја со ограничени можности и дополнителните субвенции за регистрираните земјоделци.

 

Слични содржини