На бугарските политичари не им се допадна македонската честитка за српскиот празник Свети Сава

од Берта Китинска

На бугарските политичари не им се допаднаа честитките од страна на македонските политичари кои денес ги упатија кон Србите по повод  празникот Свети Сава.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев даде иронична и исмејувачка забелешка во врска со денешната најава на македонскиот премиер Зоран Заев дека учениците во земјава ќе можат да изберат дали да го учат српскиот јазик, пренесе БГНЕС.

– Дали таква би била и честитката на премиерот Заев до Бугарите во Македонија по повод бугарскиот празник? – прашува европратеникот.

Воедно со свој коментар на Фејсбук излезе и   европратеникот Ангел Џамбаски кој пишува дека не познава ниту еден друг премиер што би им честитал на окупаторите и на колонизаторите на сопствената држава.

„Дури и површен преглед на историските извори и на времето непосредно пред и по 1903 година на географското подрачје на Вардарска Македонија, современа Република Северна Македонија, јасно ги покажува улогата и односот на Србите кон локалното, главно бугарско население што живеело таму“, напиша на Фејсбук европратеникот Ангел Џамбаски.

“Зоран Заев поздравил сърбите в Македония по повод Деня на Свети Сава”. Тази новина е толкова абсурдна, че чак проверих…

Posted by Ангел Джамбазки on Wednesday, 27 January 2021

Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва со видео обраќање на свечената академија, што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, го честиташе Националниот празник на српската заедница во нашата земја.

Во обраќањето до српскиот народ, соопшти владината прес-служба, премиерот Заев изрази искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба. Потенцира дека славењето на овој празник е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување и дека токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Слични содржини