На пазарот пристигнува брз тест на корона, дава резултат за 15 минути

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарската фармацевтска компанија Roche објави дека до крајот на септември на пазарот ќе пласира брз тест за откривање на коронавирус кој ќе дава резултати за 15 минути.

Тој тест на антигените на вирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвика пандемијата Ковид 19, ќе биде достапен во земјите кои ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжителна за производите кои влегуваат на пазарот на Европската унија. Покрај тоа, Roche сака да побара итно одобрување од Американската агенција за лекови (ФДА). Секој месец 40 милиони брзи тестови, пишува на сајтот www.roche.com.

„Секој месец ќе бидат достапни 40 милиони брзи тестови на САРС-КоВ-2. Тој капацитет ќе се зголеми двојно до крајот на годината за да се задоволи побарувачката за здравствените системи ширум светот“, соопштија од компанијата Roche.

Пласирањето на тестот на пазарот мора да се спроведе во соработка со јужнокорејската компанија SD Biosensor Inc, која веќе има голем број тестови за откривање на вирусот, а со која Roche има договор за дистрибуција низ целиот свет.

Израелците развија тест на корона кој трае само 30 секунди.

Од друга страна, израелската компанија Nanoscent веќе разви тест за коронавирус кој трае само триесет секунди.

„Работи кои траат 30 секунди или помалку: пишување твит, плаќање сметка со кредитна картичка и сега, благодарение на израелската компанија Nanoscent, тестирање на коронавирус“, стои во твитот од Израел.

Слични содржини