Над 20 Пакистанци пронајдени во товарен воз

од Nikola Popovski

МВР информира дека повеќе од 20 мигранти од Пакистан биле пронајдени вчера во товарен воз на железничката станица Криволак.

-Нешто порано на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино пронашле 9 мигранти од Пакистан.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка, велат од полицијата.

Слични содржини