Најмалку 10 повредени во пукотница за време на победнички собир на освојувачите на Супербол во Канзас Сити

од Radmila Tasevska

Најмалку 10 луѓе се повредени во пукање со огнено оружје на собир на победниците во Супербол – Канзас Сити, соопшти локалната полиција.

Полицијата во Канзас Сити објави дека биле регистрирани пукотници во близина на станицата Унион, каде што само неколку моменти претходно играчите на Канзас Сити – Чифс (американски фудбал) им се обратиле на навивачите.

„Секој кој е во близина треба да ја напушти областа што е можно побрзо за да го олесни пристап на медицински тимови за жртвите од пукањето“, објави полицијата на X, поранешен Твитер. Полицијата соопшти дека „две вооружени лица“ биле приведени по инцидентот.

Слични содржини