Најмалку 10 загинати и четворица исчезнати во поплавите во Грција

од Vladimir Zorba

Десет загинати и уште четворица исчезнати, засега е трагичниот биланс од невремето „Даниел“, кое ја зафати Грција и освен жртви, предизвика штета која се мери во милијарди евра.

Стотици луѓе во Грција се заробени во поплавените села во регионот на Тесалија, иако времето е стабилизирано, а протокот на вода продолжува да расте во делови од централна Грција, додека пожарникарите и воените хеликоптери ги извлекуваат луѓето од поплавените села, јавува грчката телевизија ЕРТ.

Сообраќајот на автопатот Атина-Солун е во прекин поради зголемено количество вода.

Слични содржини