Најстариот човек на светот има 111 години и секој петок се почестува со пржена храна

од Сенада Ибраимова

Пред неколку дена на 115-годишна возраст почина Хуан Висенте Перез од Венецуела, по што титулата најстар човек на светот му припадна на 111-годишниот Џон Тинисвуд од Саутпорт, Англија.

Тинисвуд е роден во 1912 година, кога потона Титаник. Доживеал и преживеал две светски војни (во втората активно учествувал како војник), двапати се сретнал со покојната кралица Елизабета, а за последниот роденден му го честитале кралот Чарлс и кралицата Камила.

Неговите 111 години секако се завидна возраст, но многумина се прашуваат која е тајната на долгиот живот. Џон верува дека клучот е во умереноста и доволно вежбање.

„Бидете умерени во сите работи што ги правите, но пред се’ мора да се движите многу. Да седите цел ден во фотелја не е добро“, рече тој.

Секој петок на менито има пржена риба и помфрит

Урамнотежената исхрана која се состои од овошје, зеленчук, храна богата со влакна, здрави масти и протеини исто така игра голема улога во долговечноста. Но, најстариот жител на Земјата докажува дека дури и во исхраната има простор за уживање и оброци кои можеби не се најадекватни во исхраната, но ги разгалуваат нашите вкусови.

Џон изјавил дека со години и децении секој петок ужива во популарниот британски деликатес „fish & chips“ (пржена риба и помфрит), пренесува Aktivni.si.

Слични содржини