Најцрниот ден во Њујорк од почетокот на пандемијата: Се зголемува бројот на смртни случаи

од Nikola Popovski

Куомо кажа дека коронавирусот ги убива здравствено ранливите лица.

-Бројот на умрени во текот на вчерашниот ден изнесува 731 лица, што е зголемување во однос на 599-те смртни случаи од претходниот ден, изјави градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо на прес конференција.

Вкупно 5489 луѓе починале од коронавирус во државата Њујорк.

Само во државата Њујорк, околу 138.836 луѓе се разболеле, додека само во градот Њујорк починале над 3.000 лица.

Повеќе од 1.000 луѓе починале во соседниот Њу Џерси.

„Полека го достигнуваме врвот“, изајви Куомо.

Слични содржини