Напаѓачите на Никола Саздовски се бранеа со молчење пред обвинителот

од desk2

Што се случило пред 12 дена на автобуската постојка во скопска Авоткоманда напаѓачите на починатиот Никола Саздовски не сакаа да раскажат во обвинителството, јави Телма. Обвинителот Анел Фидовски ги повика за да ја слушне нивната верзија, но и нему и на нивните адвокати им рекле дека денеска ќе молчат.

Одбраната и јавноста се во очекување обвинителството да ја заврши истрагата и да соопшти во обвинението за кое кривично дело ќе ги гони трите момчиња кои го претепаа 21- годишниот Саздовски, а почина по 10 дена поминати во безсознаније. Судска медицина ги предаде наодите и причните за смртта, а обвинителот вчера испитуваше очевидците од тепањето. Неофицијално е дека постојат и видео снимки, а се прибираат и други материјални докази.

Со еден час задоцнување службите на затворот Шутка ги донесоа од притвор Бесир Б. и Скендер Р. во обвинителството. Единствено што проговориле е дека денеска дознале за смртта на Саздовски. Три дена по смртта на момчето од бруталниот напад, не стивнувааат апелите за смирување на ситуацијата и осуда од нападот. Свое видување по она на премиерот стаса и од владиниот коалиционен партнер ДУИ.

„Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот, за целосно расчистување на случајот, и без никаква задршка, изведување на виновниците пред лицето на правдата“, велат од ДУИ.

Од тројца видени напаѓачи, МВР против сите тројца поднесе кривична пријава за насилство, пред да почине Саздовски, успаси двајца, а вети дека работи на пронаоѓање на третиот кој е во бегство.

Тука повеќе

Слични содржини