НАСА бара астронаути за патување на Месечината – дали сте заинтересирани?

од Nikola Popovski

Речиси половина век, човечката раса нема стапнато на Месечината, но тоа наскоро би можело да се промени. Наса планира првата жена – со еден маж – да стигнат на Месечината до 2024 година. Затоа сега бараат кандидати за идни мисии.

Пријавите ќе траат од 2 март до 31 март, но не е сè така едноставно. Еве што е потребно за да се влезе во вселената.

Наса од шеесетите избра повеќе од 350 луѓе за астронаутско тренирање и во моментов има само 48 од најдобрите.

Сепак, бидејќи станува збор за американска вселенска агенција, првиот услов е да мора да бидете државјанин на САД.

Секако, секој со двојно државјанство може да аплицира.

По пополнувањето на онлајн апликацијата, кандидатите кои ќе го поминат следниот круг, исто така, мора да поминат физички преглед.

Да, важно е да имате академска кариера. Апликантите се очекува да имаат магистерски студии по природни науки или математика, што вклучува инженеринг, биолошки науки, физика и компјутерски науки.

Лекарите можат да аплицираат, како и оние кои имаат лиценца за пилот. Сепак, самото образование не е доволно – потребни се две години професионално искуство или минимум 1.000 часови на летање како мастер пилот во авион.

Ако ве изберат, тогаш следуваат две години обука и проценка. Во овој период, кандидатите ќе поминат низ воена обука за преживување, ќе учат за роботиката, но и ќе мора да го совладаат рускиот јазик.

Оние кои нема успешно да ги пројдат тестовите, ќе бидат избрани на други позиции во рамките на НАСА, посочува агенцијата.

Ако поради некоја причина не сте соодветен кандидат, не очајувајте. Постојат и други начини да се оди во вселената.

Досега имало 239 астронаути во Меѓународната вселенска станица – од кои само 151 се државјани на САД, што значи дека шанси постојат.

Доколку парите не ви претставуваат проблем, Вирџинија Галакси наскоро ќе стане првата приватна компанија што ќе ги носи туристи во вселената.

Слични содржини