НАСА објави нова АУДИО-СНИМКА од роверот „Perseverance“

од Vladimir Zorba

НАСА објави уште една аудио-снимка од роверот „Perseverance“, кој е во мисија на Марс, скоро еден месец откако го добивме првото видео и звук од оваа планета.

Тоа е звук од Црвената планета полн со потпевнување и зуење, што роверот го произведува со тркалата додека се движи и ја истражува површината на Марс.

„Дали ме слушате? Ова сум јас додека возам преку карпите на Марс. Ова е првото видео од возењето на Марс“, напишаа тие со објава на Твитер, откако на шега ја информираа јавноста за постапките на роверот од негова перспектива.

Роверот „Perseverance“ слета на Марс на 18 февруари, а неговата мисија е да пронајде траги од микробиолошки живот во областа на езерото „Кратер“, бидејќи научниците сметаат дека на Црвената планета имало живот пред милиони години.

Слични содржини