Научниците тврдат: Лицата кои не се во врска се посреќни, еве зошто!

од Stefanija Kuzmanovska

Љубовта е најубавото чувство на светот, но една студија тврди дека лицата кои не се во врска се посреќни од оние кои се во љубовна врска.

Зошто е тоа така?

Една студија објавена во Journal of Social and Personal Relationships дошла до заклучок дека слободните луѓе имаат побогат социјален живот, односно се повеќе поврзани со роднини и соседи.

Покрај тоа, тие се грижат повеќе за своите родители, браќа и сестри, како и пријатели кои исто така не се во врска. Проблемот е во тоа што луѓето во врска или брак често ги занемаруваат сите други врски во животот. Иако општеството честопати ни ги наметнува бракот и партнерот како еден од индикаторите за совршен живот, многу студии покажаа дека луѓето се генерално посреќни кога се слободни затоа што, колку и да звучи себично, тие се посветени на себеси и не влегуваат толку често во конфликти.

Слични содржини