Навивачи на Барса го опколија „ламборџинито“ на Умтити, фудбалерот полуде (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити, доживеа непријатност по тренинг на каталонскиот клуб.

Неговиот автомобил бил опкружен од навивачи, откако со луксузното „ламборџини урус“ се обидел да го напушти тренинг центарот.

Еден од навивачите дури и сакал да се качи на хаубата на автомобилот кој чини неколку стотици илјади евра, што дополнително изнервирало играчот, па излегол за да им укаже некои работи.

„Дојди овде, дали ти плаќаш за оваа кола? Зошто така правиш? Знаете ли што е почит?“, се расправал Умтити.

Самуел реагирал посмирено отколку што можел, а на снимката се гледа како еден од навивачите бара негов потпис на дресот.

 

Слични содржини