Не е време за оставката на Заев, порача Костадинов

од Nikola Popovski

Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае, порачува новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Според него, растеретен од товарот на кој кому бил поблизок или подалечен, време е за апсолутно единство, време е за простување, време е за нови победи онака како што ние знаеме по струмички, ама не е време за оставка.

-Еве доаѓаат моменти кога не можам да се согласам со него. Големите цели ги постигнавме, на многу едноставен начин без притисоци, без репресии, без уцени, од режим, вративме слобода, од регрес, воспоставивме прогрес, напиша Костадинов на социјалните мрежи.

Слични содржини