Не издржаа раздвоени: Се смири познатиот пар

Во октомври минатата година одлучија да ја паузираат својата врска, но се чини дека не можат еден без друг.

Имено, како што за Entertainment Tonight откри извор близок до парот, Кајли Џенер и Травис Скот се повторно заедно и тоа во последниве неколку недели.

„Двајцата никогаш не престанаа да се сакаат или почитуваат, но зедоа пауза минатата година бидејќи многу работи им се случуваа во животот. Не можеа во потполност да се фокусираат на својата врска“, рекол извор.

Како што пишува Elle, парот во изминативе месеци заедно се грижел за својата ќерка Сторми, а дури и мајката на Кајли, Крис Џенер, потврдила дека тие се одлични родители.

„Не знам дали се повторно заедно, само знам дека тие се навистина одлични родители“, рекла Крис кога гостувала во емисијата на Елен Деџенерис.

Слични содржини