Не се исплати учеството во коруптнивни активности, вели Заев

од Vladimir Zorba

„Имам јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните: Внимавајте, сега се е јавно, сите знаат се поради транспарентноста – учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето“ кажа премиерот Зоран Заев за Канал 5 ТВ.

Тој кажа дека системот сега се справува и со крупните и со ситните риби, а како порака за секој политичар го истакна тоа што повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди за издржување затворски казни.

„Нашата антикорупциска стратегија е за сите ешалони – тоа е прочистувањето на правосудството, етичкиот кодекс за функционерите кој важи прво за мене, а после за сите други, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки. Ова се мерки кои спречуваат корупција и кај министрите, и кај службениците и кај граѓаните“ потенцираше Заев.

Премиерот истакна дека Владата е непријател и противник на корупцијата, влезена во сериозен клинч со овие општествени болести.

„За разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи. Го читаме и анализараме секој збор, секој наод од сите извештаи и ги третираме како сериозни четива кои ни помагаат да ја менуваме ситуацијата“ кажа Заев.

Слични содржини