„Не се работи за минлива врска“: Детали од романсата на Том Брејди и Ирина Шајк

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот бек Том Брејди и познатата руска манекенка Ирина Шајк се во врска.

Како што пишува британски „Дејли Мејл“, парот се запознал пред два месеца на венчавка на Сардинија и веднаш се поврзале.

Брејди, кој се разведе од манекенката Жизел Бундхен во октомври минатата година, и Ирина, која има ќерка со актерот Бредли Купер, беа фатени како разменуваат нежности по средбата во неговиот дом во Лос Анџелес.

Иако се шпекулираше дека станува збор за краткотрајна романса, извор за „Дејли Меил“ тврди дека нивната врска не е минлива и дека Брејди планира иднина со Ирина.

„Брејди никогаш не сакал да биде со некоја со која не гледа иднина по разводот со Жизел“, рекол изворот.

Откако се разведе со Жизел Бундхен, со која има две деца, Вивиен (10) и Бенџамин (13), Брејди беше поврзуван со познати жени како Ким Кардашијан и Емили Ратајковски.

Ирина официјално не била во врска со никого од раскинувањето со Бредли Купер, а парот често се среќава и поминува време заедно со нивната шестгодишна ќерка Леа.

Слични содржини