Небиу: Курти влегува во конфротација со меѓународната заедница бидејќи статус-кво не му одговара и оди во полза на Вучиќ

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти е загрижен, но не и исплашен од американските санкции кон Косово по неодамнешните настани на северот на земјата. Тој синоќа од Братислава порача дека „оние кои зборуваат за санкции можеби треба подлабоко да размислат“. Ваквиот негов став изненадува со оглед на бројните осуди од САД и меѓународната заедница и се поставува прашањето која ќе биде следната последница за нашиот северен сосед после одбивањето да ја тргнат косовската полиција од општинската зграда во Звечан.

Според политичкиот аналитичар, Бесим Небиу, Косово не ја послуша Америка и тоа не е ситуација на која Стејт Депарменттот е навикната во однос на косовските власти последните 21 година. Во разговор за „Локално“ вели дека реакцијата е знак за тоа дека САД се сериозни во своите позиции.

-Очигледно е дека Албин Курти ја прекинува традицијата на комплетна послушност кон САД, и ова само по себе предизвикува потреси во меѓусебните релации, посочува Небиу.

Курти се обидува да го смени статус кво-то, смета Небиу, и се разбира секое менување на статус кво како резултат на еднострани потез носи до конфронтизација со меѓународната заедница.

-Се чини дека Курти намерно оди кон таа конфронтација, сакајќи да прати сигнал дека статус квото не му одговара, односно дека е во полза на Србија и на Вучиќ, анализира соговорникот.

Очигледно е дека во случајов Западот го подржува Вучиќ и Србија под Вучиќ како гравитационен центар на Западен Балкан, наведува Небиу и според него, е спремна да му прогледа низ прсти дури и да затвори очи пред неговиот авторитарен и популистички перфоманс и фактот дека Вучиќ е всушност модерна варијанта и континуитет на политиките на Милошевиќ и Шешељ, неговите шефови и ментори од минатото.

-Во секако му помага и Еди Рама, кој се чини има подобри односи со Вучиќ отколку со Курти, истакнува Небиу и нагласува:

-Се чини дека Западот инвестира во Вучиќ и е спремна тотално да гледа низ прсти за сите работи за кои ги критикува сите други балкански политичари. Овој вид на стабилократија се случувал и во минатото во извесни периоди, но во моментот се излгеда е главна политика на Западот во однос на Западниот Балкан. 

Аналитичарот смета со последните случувања не е мртов дијалогот меѓу двете страни, туку напротив, потезите на Косово и на Србија, само укажуваат дека диајлогот е жив, а двете страни сакаат да создадат подобри позиции за себе интервенирајќи на терен и создавајќи „нови ситуации“.

Н.П.

Слични содржини