„Недела неработен ден” се одложува за 1-ви јануари 2022 година

од Берта Китинска

Согласно воспоставената практика, секој последен петок во месецот да се одржи седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, и денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска, информираше за прогресот на активности во подготовката на измените на Законот за работни односи, за измените кои се однесуваат за „Недела неработен ден”, како и за усогласувањето на минималната плата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Шахпаска, посочија дека примената на законот за работни односи и „Недела неработен ден”, ќе бидат со одложена примена, од 1-ви јануари 2022 година, и истото ќе важи и за измените и дополните во Законот за данок на имот, за кои зборуваше заменикот на министерот за финансии, Димитар Ковачевски

Заменик министерот рече дека предлог Законот за данок на имот, веќе е во собраниска процедура, а образложи дека стапките на данок на имот остануваат во рамките во кои беа до сега, освен за освен за оние лица кои поседуваат повеќе единици на имот, и кои не се користат или не се во економска функција.

„Законските измени се во функција на цел зголемување на продуктивноста и зголемување на приходите по основ на данок на имот”, нагласи Ковачевски.

На иницијатива на МАСИТ, на оваа седница се разговараше и за поставување на минимален праг на основица за плаќање на придонеси, при што вицепремиерот Битиќи, посочи дека Владата останува посветена на она што е дел од програмата, а тоа е скалесто намалување на персоналниот данок во ИТ индустријата.

Како и на сите досегашни состаноци и овој состанок помина во конструктивна атмосфера, со отворени дискусии помеѓу вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски и од друга страна претседателката на МАСИТ, Анета Андова Пешева, претседателот на Стопанска комора на Северо-западна Македонија Неби Хоџа, Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска и извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ.

Слични содржини