Неготинец приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела

од Stefanija Kuzmanovska

Неготинец е приведен и задржан во неготинската полиција поради повеќе кривични дела. Оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

-Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, е приведен и задржан во полиција, вчера во 15 часот. Приведувањето и задржувањето е поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела, распишани потерници и објави, соопштија од МВР за МИА.

Со случајот бил запознат и јавен обвинител. 

Слични содржини