Нема да има нов полициски час, повлечено барањето на Комисијата за заразни болести

од Nikola Popovski

Владата на денешната седница донела одлука дека нема да има полициски час во местата кои се сметаат за жаришта на новозаразени од коронавирус, велат неофицијални извори за „Локално“. 

Аргументите  за и против, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче да го повлече предлогот и да го врати до Комисијата за заразни болести.

Како што информираа вчера од владата, денеска се очекуваше Комисијата за заразни болести да изнесе предлог мерки за спречување на заразата со Ковид 19, а се предлага полициски час во жариштата од 22 до 5 часот.

Слични содржини