Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта, тврдат од ЈО

од Nikola Popovski

Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ) информираше дека лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, нема поврзаност со испратените мејлови.

Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.

-Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​

Идеолошкиот и аналитички центар (Think Tank Organization) „Conservative.mk“ вчера информираа дека нивен член е приведен поради сомнение за поврзаност со лажните дојави за бомби во средните скопски училишта. Според центарот, станува збор за Никола Николовски, кои како што велат, „со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа“.

-ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ. Никола е пред се општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент, велат од „Conservative“.

Слични содржини