Немири и инцидент во Чаир: „Шверцери“ ги нападнаа фудбалерите на Шкендија, влетаа и специјалци

од Nikola Popovski

Тежок инцидент се случи на денешниот четвтрфинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Шкупи и тетовска Шкендија. Откако гостите постигнаа гол во деветтата минута, навивачите на домашниот тим „Шверцери“ револтирани влетаа на теренот за да се пресметаат со гостите од Тетово.

За смирување на ситуацијата интервенираа и специјалците.

Шкендија и судиите се повлекоа и се чека расплет на ситуацијата како ќе се доигра мечот. Се чека официјалниот став на делегатот и судијата Качевски.

Ова не е првпат да има инциденти на натпревари меѓу овие два тима. Во мај месец годинава дојде до мешаница заради удар кон линискиот судија, по што настана тепачка на теренот во Тетово.

Слични содржини