Немири на Вембли: Полицијата во судир со унгарските хулигани (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Англија и Унгарија на „Вембли“ одиграа нерешено 1: 1 во квалификацискиот натпревар за СП, а натпреварот го одбележа хаос на трибините.

Унгарските навивачи се бесни поради клекнувањето на англиските фудбалери поради расизмот, кое веќе стана традиционално, и почнаа да скандираат погрдни расистички извици.

Полицијата тргна во акција во обид да го спречи тоа, но настана жестока тепачка со унгарските хулигани, кои во еден момент ги потиснаа и ги принудија да се повлечат.

Немирите набрзо се смирија, а полицијата објави дека еден унгарски навивач е уапсен поради расистички испади.

Унгарските навивачи раширија и транспарент на кој се гледа како прецртан човек клечи, како јасен знак дека се противници на симболите на борбата против расизмот.

Да потсетиме, инцидент од овој тип се случи и за време на натпреварите на Европското првенство, кога Унгарија беше домаќин, поради што беше казнета со два натпревари без публика.

 

 

Слични содржини