Необјаснива ситуација: Италијанец 19 месеци се бори со исчезнувањето на сетилото за мирис и вкус

од Берта Китинска

Италијанецот Микеле Крипа веќе 19 месеци се бори со исчезнувањето на сетилото за мирис. Додека неговите родители боледувале од корона, Микеле  го изгубил сетило за мирис и вкус.

Необјаснивата ситуација го наведе професионалниот гастроном Микеле да истражува начини како да го реши горливиот проблем.

По многубројните разговори со стручњаци и професори на кои вкусот и мирисот им се специјалитет, тој го утврди начинот на кој е можно да се опорави. Тој започна проект за обука за сите кои целосно изгубиле сетилна иритација во носот дури и по ковидот

– Илјадници и илјадници луѓе се како мене. Добивам помеѓу 20-30 пораки и мејлови дневно од очајни луѓе кои не знаат што да прават, бидејќи нема лекари или истражувачки тимови кои одвојуваат пари и време за ова истражување. Многумина од нив се сами, изолирани од семејства кои немаат доверба во нив – истакнува Крипа.

– Имам случај на мајка која го изгубила чувството за вкус пред повеќе од една година. Беше бремена, се породи и до ден денес не може да го мириса своето дете. Тоа е и душевна болка, но и неможност да се знае кога детето треба да се пресоблече – наведува Италијанецот.

Слични содржини