Необврзаните жени се посреќни од осамените мажи

од Vladimir Zorba

Се приближува Денот на вљубените. Најромантичниот ден во годината сигурно не е по мерка на необврзаните луѓе. Резултатите од новата студија, сепак, покажуваат дека жените подобро го толерираат недостатокот на партнер отколку мажите, пишува весникот „Дејли Стар“.

Според општото уверување, за дамите е постресно да бидат осамени и да бараат нов човек. Сепак, истражувањето покажало дека 61% од необврзаните жени се задоволни од нивниот статус, а импресивни 75% дури и не се трудат да бараат партнер.

Мажите кои не се измачувани поради недостатокот на партнер се помалку од 50 проценти, а 65 проценти признаваат дека се откажале од барањето љубов.

Експертите признаваат дека необврзаните жени се чувствуваат посреќни затоа што имаат повеќе време за себе. Исто така се смета дека за некои претставнички на понежниот пол, врските се тешки, откако тие вложуваат повеќе напори за да ги сочуваат, отколку мажите.

Слични содржини