Нетанјаху до израелските војници: „Доаѓа следната фаза, нема да застанеме додека не го победиме Хамас“

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до војниците сугерираше дека сè уште е во план копнена офанзива на Појасот Газа, иако најавената акција сè уште се одложува, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ни претстои следната фаза, таа доаѓа. Вие го знаете тоа и вие сте дел од тоа, вие сте дел од авангардата“, им рекол Нетанјаху на членовите на единицата Јахалом, специјална единица на борбениот инженерски корпус, која е обучена да извршува специјални инженерски задачи.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека за време на посетата на базата Имануел, Нетанјаху бил информиран за најновите активности на единицата и нејзината подготовка за иднината.

„Имаме само една мисија – да го победиме Хамас. Нема да застанеме додека не го завршиме тоа, со ваша помош. Јас се потпирам на вас, народот на Израел се потпира на вас“, истакнал Нетанјаху.

Слични содржини