Нетанјаху мора на итна операција

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе мора да подлежи на итна операција на кила.

-Операцијата ќе биде спроведена по вечерашниот состанок на Воениот кабинет, соопштиле денес од Кабинетот на Нетанјаху.

Килата, позната и како хернија, била откриена синоќа при рутински преглед.

Министерот за правда на Израел, Јарив Левин, кој е и вицепремиер, привремено ќе ја преземе функцијата додека Нетанјаху не закрепне.

Слични содржини