Никој не успеа да формира влада во Бугарија, нови избори распишани на 11 јули

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги распиша предвремените парламентарни избори на 11 јули и го овласти Стефан Јанев, неговиот близок советник за безбедност и одбрана, како премиер за преодниот период до формирање на новата влада.

Најсиромашната членка на Европската унија повторно оди на избори три месеци откако нерешените избори во април резултираа со поделен парламент, кој не успеа да формира влада, пренесе „Н1“.

Јанев (61), заменик-премиер и министер за одбрана во првата преодна влада во 2017 година, ќе има задача да управува со пандемијата на коронавирус и да обезбеди фер избори, рече претседателот во изјавата, потврдувајќи го претходниот извештај на „Ројтерс“.

Претседателот Радев е остар критичар на долгогодишниот премиер Бојко Борисов.

Слични содржини