Николов: Цело време бевме на терен, ги решававме маките на граѓаните за 5 до 7 дена

од Nikola Popovski

Реализиравме скоро 70% од предвидената програма. Тоа што ме радува мене е што реализирањето на уште многу проекти кои беа барања на граѓаните, вели актуелниот градоначалник на Штип и кандидат на СДСМ, Сашко Николов во емисијата „Само вистина“.

Според него, гласот на граѓаните е континуирано во нивната општина.

-Цело време бевме на терен, ги решававме маките во рурални и урбани средини и ги решаваме проблемите во наредните 5 до 7 денови. Направивме систем во јавната администрација и контрола на забошотувањата на одредени вработени, кои решавале едно дело за 5-7 денови, наместо за еден ден. Го решивме и крупниот проблем, а тоа е Генералниот урбанистички план, информира Николов.

Слични содржини