Николовски од Кочани: Докажавме дека во источниот регион може да се гради и инвестира

од Aleksandar Petrovski

За неполни три години докажавме дека може да се гради и да се инвестира во целиот Исток на државата, којшто беше заборавен од ВМРО-ДПМНЕ и режимот, истакна носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „Можеме“ во третата изборна единица, Љупчо Николовски при денешната посета на Кочани.

-Овде во Кочани за браната Речани, како дел од хидросистемот Оризарска Река,а се зборуваше уште во шеесеттите години на минатиот век, а таа почна да се гради токму во овој мандат на СДСМ. Овој капитален објект, во износ од 30 милиони евра, станува реалност и бенефит за целиот кочански регион. Со новиот чист мандат на СДСМ и коалицијата „Можеме“ стапката на невработеност во државата ќе биде едноцифрена, затоа што ќе се вкалкуираат 2,5 милијарди евра во јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции со сериозна поддршка од ЕУ и новите фондови, рече Николовски.

Платите и пензиите, како што потенцираше, ќе продолжат да растат, а минималната плата ќе биде 20 илјади денари.

–  До крајот на нашиот мандат минималната плата ќе биде 20 илјади денари, односно повисока за 120 отсто од мизерните и срамни девет илјади на кои ја остави ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата ќе достигне до 34 илјади денари. Прашање е дали вистинските патриоти гласаат против зголемувањето на минималната плата, против мерката за „зелена нафта“, против враќањето на парите од ДДВ кај граѓаните, против законот за решавање на стечајните работници и против укинувањето на радиодифузната такса. Вистинските патриоти обезбедуваат влез во НАТО, признавање на македонскиот јазик во ЕУ и во целиот свет. Разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ е голема и очигледна, затоа ги повикувам граѓаните да си обезбедат мир, стабилност, спокој, развој на овој регион и на целата земја, истакна Николовски.

Слични содржини