Нивната КОРА е полна со ВИТАМИНИ: Овошје и зеленчук кои не треба да ги лупите

од Stefanija Kuzmanovska

Во кората од овошје и зеленчук, можете да најдете хранливи материи кои се одлични за нашиот организам.

Овие кори често се извор на хранливи материи што му се потребни на нашето тело и кои, всушност, на крајот ги фрламе во корпа за отпадоци.

Наместо да ја лупите, подобро е да изберете добро миење на овошјето и зеленчукот со топла вода за да му дадете на организмот се што му е потребно.

КОМПИР

Кората од компир крие до 20 проценти од вкупните витамини како што е витамин Б. Може да го подготвите пресечен на половина и печен во рерна.

МОДАР ПАТЛИЏАН

Кората од модар патлиџан е богата со фитонутриенти, насунин кој спречува оштетување на клетките што може да биде резултат на стареење или болест. Можете да го наполните со мешавина од зеленчук и да се печете во рерна.

СЛАДОК КОМПИР

Повеќето хранливи материи се кријат во лушпата на слаткиот компир. Содржи витамин Ц, калиум и бета-каротен, состојки неопходни за посилен имунитет, добар вид и здрави мукозни мембрани на грлото и носот. Слично на модриот патлиџан, можете да исечете сладок компир на половина и да го полните со зеленчук.

КРАСТАВИЦА

Кората од краставица е богата со антиоксиданти и влакна кои го зајакнуваат имунитетот, спречуваат запек и поволно влијаат на здравјето на дигестивниот систем.

МОРКОВ

Морковот треба добро да се измие и може да се јаде, велат нутриционистите. Неговата кожа содржи антиоксиданти и витамин А кои го зачувуваат видот, здравјето на косата и ноктите, а студиите потврдија дека го намалува ризикот од рак.

ЈАБОЛКИ

Кората на јаболкото содржи кверцетин, витамин Ц и тритерпеноиди, кои имаат антиканцерогено дејство. Студиите потврдија дека консумирањето јаболка со лушпа ги ублажува проблемите со дишењето, го продолжува чувството на ситост и ја штити меморијата.

Слични содржини