Норвешка ја одложува одлуката за употреба на AstraZeneca

од Vladimir Zorba

На Норвешка и треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината АстраЗенека или да ја исклучи од програмата за вакцинација, рече во четвртокот министерот за здравство, Бен Хоje.

Норвешкиот институт за јавно здравје препорача да се запре употребата на AstraZeneca, но на владата и требаат повеќе информации пред да се донесе конечна одлука, рече министерот за здравство.

Норвешките власти ја прекинаа вакцинацијата со AstraZeneca на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крварење и ниско ниво на тромбоцити, а некои починаа.

„Владата верува дека немаме доволно добра основа да постигнеме конечен заклучок дека вакцината AstraZenece треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент“, рече Хоје на прес-конференција.

Владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци и доставување извештај до 10 мај, додаде министерот.

Слични содржини