Нов гаф на Бајден: Ги помеша зборовите во говор за холокаустот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден, кој во средата пристигна во Израел, веднаш по напуштањето на претседателскиот авион Air Force One, се запраша „што правам сега“, а потоа направи уште една, посериозна грешка кога зборуваше за холокаустот, заменувајќи ги зборовите „чест“ и „ужас“, пренесоа американските медиуми.

Гафот молскавично се рашири на социјалните мрежи, повторно поставувајќи прашања за неговото ментално здравје.

„Во Израел сум за да им оддадам почест на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа на холокаустот… ужасот на холокаустот“, рече Бајден.

Бајден ја поправи грешката, но се бореше да го прочита говорот и се бореше да го изговори името на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим.

Слични содржини