Нов вид на коронавирус откриен во Хрватска, Ѓикиќ открива зошто се шири побрзо

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватскиот научник Иван Ѓикиќ изјави денес дека статистиката за епидемијата на ковид-19 во Хрватска е нецелосна, дека Националниот штаб е многу загрижен и дека шкотскиот вид на вирусот САРС-КоВ-2, кој исто така се појави во Хрватска, е таква мутација што се шири побрзо од „обичниот“ вирус.

„Кај новоинфицираните лица, сè уште е нејасно зошто тестовите за антиген не се потврдени со PCR тестови, така што овие позитивни луѓе исто така влегуваат во нашата статистика. Уште помалку е јасно зошто луѓето кои починале во домови за стари лица, и биле позитивни на коронавирус, не се вклучени во вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Хрватска“, рече Ѓикиќ, пренесува „Индекс.хр“.

Тој исто така наведе и за колку луѓе станува збор во врска со оние кои не влегле во статистиката за смртни случаи од ковид-19, а тој смета дека требало.

„Според сегашните информации, станува збор за повеќе од 400 лица кои починале или во домови за стари лица или во приватно сместување, значи не во болници. Ако не ги додадеме овие луѓе, не знаеме дека има голем број смртни случаи во нашите домови и не постапуваме превентивно – рече Ѓикиќ.

Слични содржини