Нови 25 лица починаа од коронавирус

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека нови 25 лица починале како последица на Ковид-19 во изминатово деноноќие.

Починатите лица се на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово.

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Со денешниот биланс, во Македонија вкупно 3.473 лица починаа од коронавирусот од почетокот на кризата.

Слични содржини