Нови 500 смртни случаи во Велика Британија о коронавирусот

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа починале 563 лица во Велика Британија, а вкупно 2.352 лица починале во земјата до 15 часот денеска.

Според податоците на владата, во Велика Британија се потврдени вкупно 29.474 случаи на заразени со коронавирус, што е значително зголемување од 25.150 претходниот ден.

Бројот на заразени во Кина пак опаѓа

Кина, која ја започна епидемијата, во средата објави дека бројот на новозаразени опаѓа, и за прв пат го објави бројот на асимптоматски случаи, што може да фрли нова светлина врз толкувањето на епидемиските трендови.

Речиси сите новозаразени во вторникот, 36 од нив, што е намалување во однос на 48 ден порано, се вратиле во Кина од други земји, објави Министерството за здравство.

Според официјалните податоци, потврдени се вкупно 81.554 случаи на заразени со коронавирус во земјата.

Бројката исклучува потврдени 130 асимптоматски лица со коронавирус, а властите објавија дека следат вкупно 1.541 вакви лица.

Слични содржини