Нови количини од „АстраЗенека“: Лицата над 60 години ќе се ревакцинираат во земјава

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека  во петок во земјава ќе пристигнат нови дози од вакцината „АстраЗенека“.

-На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, нинформираше Филипче.

Министерот во неколку изјави напомена дека македонските државјани кои се на возраст под 60 години и примија прва доза на вакцина против ковид-19 од „Астра Зенека“ во Србија, нема да можат да се ревакцинираат со истата вакцина во земјава.

„Има граѓаните кои во Србија примија и друга вакцина, па се ревакцинираа во земјава. Нема да може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ само помладите од 60 години, поради одлуката што ја донесовме да не се дава таа вакцина на оваа категорија на граѓани“, изјави Филипче.

Утрово 120.000 дози вакцини на „АстраЗенека“ пристигна во Србија, во рамките на механизмот Ковакс.Авионот со вакцините слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 8 часот.

Новиот контингент на вакцини на аеродромот беше пречекан од министерот за здравство Златибор Лончар, директорот на канцеларијата на СЗО во Србија Маријан Ивануша и директорката на УНИЦЕФ во Србија Дијана Костадинова.

Досега во државата се вакцинирале 110 000 граѓани, а 23 000 се реавкцинирале. Вчера пристигнале уште 10 000 вакцини на Фајзер, а на 15 мај се очекуваат уште 100 000 вакцини од Синофарм од кинеската армија, а кон крај на месецотс е очекуваат 500 000 од кинески Синовак.

Заинтересираните граѓани може да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.

Слични содржини