Новинар на „Њујорк Тајмс“ убиен во Украина

од Vladimir Zorba

Новинар на „Њујорк Тајмс“ е убиен во близина на Киев, што го потврди и шефот на регионалната полиција, пренесе „Гардијан“.

Наградуваниот видео новинар Брент Рено беше застрелан на 51-годишна возраст кога руските сили отворија оган врз автомобил во близина на Ирпин.

Уште еден новинар кој во тој момент бил со него бил пренесен во болница на лекување по нападот.

Претходно, тимот на британската телевизија Скај њуз беше нападнат од заседа во Украина, а беше ранет новинарот Стјуарт Ремзи, додека два куршуми го погодија камерманот Ричи Моклер во панцирниот елек, објави Скај њуз.

Слични содржини