Ново рочиште за случајот „Титаник“

Денес е најавено да продолжи судското рочиште за случајот „Титаник“.

Предметот се наоѓа се уште во доказна постапка, а истото го застапува обвинителката, Лиле Стефанова.

Покрај екс премиерот на државата, Никола Груевски кој е во бегство, во овој случај за сторено кривично дело се теретат и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Истите се осомничени за кривичните дела: злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Слични содржини