Ново светско чудо: Мост од 55 километри, заштедува 2,5 часа

од desk2

Најголемиот дел од изградбата на најдолгиот мост во светот е завршен по планот, откако е инсталиран и тестиран системот за осветлување, објавија надлежните.

Беа потребни шест години подготовка и осум години за изградба на 55 км долгиот мост кој ги поврзува Хонг Конг, Жијао и Макао.

Главната работа на мостот се состоеше од главниот мост долг 22,9 км, тунел во должина од 6,7 километри и вештачки остров, кој се смета за најтежок дел од градбата.

Во следниот месец, инженерите и конструкторите ќе ја проверат координацијата на различните системи и опремата на мостот и ќе продолжат со инспекција на мостот и чистење, рече Жанг Јинвен, директор на проектот.

Во минатите 14 години, регионалната стопанска и транспортна мрежа доживеале огромни промени, што довело до преиспитување на пропусната моќ на мостот, вели Су Ји, помошник на началникот на HZMB Autority.

Но Су ја отфрли грижата дека мостот нема да биде со доволен интензитет на сообраќај. „Ние имаме потполна доверба во иднината. Имаме алат кој ни е на располагање“, вели тој. „Тоа е како да играш карти, мора да ги приспособиме нашите потези во согласност со тоа“.

МОстот ќе го намали времето на патување меѓу Хонг Конг и Жуајо од три часа, на само 30 минути, што понатаму ќе ги поврзува градовите на делтата на реката Перл.

 

Слични содржини