Њујорк назначи жена на чело на полицијата за прв пат во историјата

од Nikola Popovski

Њујоршката полиција, најголемата во САД, од денеска ја предводи Кичент Сјуел. Таа е првата жена што раководи со „NYPD“ од основањето на одделот пред 176 години.

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, денеска ја назначи Сјуел за нов комесар на њујоршката полиција, јавува Би-Би-Си, што претставува првата жена на оваа позиција во историјата на Њујоршката полиција.

Родена во Њујорк, од Квинс, Сјуел има 23 години искуство во округот Насау, Лонг Ајленд, каде што работела на големи случаи, како и со наркотици и како преговарач за заложнички ситуации. Од септември 2020 година, таа ја извршувала позицијата главен детектив во областа.

Коментирајќи го нејзиното назначување, таа вели дека е „свесна за историската природа на оваа изјава“ и дека ќе работи на подобрување на односите меѓу полицијата и њујорчаните.

Сјуел објаснува дека планира да се фокусира строго на насилните злосторства, особено оние извршени со оружје, и да се посвети на промоција на жените и црнците на водечки позиции во њујоршката полиција.

„Носам поинаква перспектива која ќе гарантира дека одделот изгледа како што изгледа и градот на кој му служи“, рече таа.

Градоначалникот Адамс, кој го исполни ветувањето од предизборната кампања да стави жена на чело на њујоршката полиција, изјави дека жените, кога станува збор за полицијата, често се принудени да „седат на клупа“.

„Денес донесовме крај на тоа“, додаде Адамс, кој и самиот служел како капетан на полициската управа во Њујорк.

Слични содржини