Њукасл ги бркаше Мбапе и Халанд, па едвај го земаа напаѓачот на Барнли

од Vladimir Zorba

Њукасл Јунајтед, или како што многумина велат најбогатиот клуб во светот, заврши со привлекувањето на второто засилување оваа зима. Напаѓачот на Барнли, Крис Вуд стана „страчка“ за 20 милиони фунти, пренесе британски „Телеграф“.

Штом дојдоа новите сопственици во овој клуб, веднаш тргнаа шпекулациите и бркотницата по ѕвездите на светскиот фудбал. Имаше шпекулации дури и за Килијан Мбапе, но реалноста е малку поинаква.

Навивачите на Њукасл сонуваат да видат некој како Лаутаро Мартинез во нападот, можеби дури и Ерлинг Халанд, но … Ќе го гледаат Крис Вуд во нападот од пролет.

Вуд доаѓа од Барнли, кој исто така се бори за опстанок, додека со тоа стана второто засилување на „страчките“ по Киеран Трипие.

Слични содржини