Њукасл го реши прашањето за нов менаџер

од Nikola Popovski

Унаи Емери го одби Њукасл, а Еди Хауи дочека за практично да остане единствениот кандидат за менаџер.

Работата е договорена, па така поранешниот менаџер на Бурнмаут и Барнли само потписот го одвојува од преземање на црно-белите. „Скај Спортс“ наведува дека ќе биде потпишан договор од две и пол години.

Хауи беше опција веднаш по доаѓањето на богатите Саудијци во Њукасл, но обложувалниците му дадоа најмалку шанси, бидејќи пред него се споменуваа имиња како Пауло Фонсека, Френк Лампард, Емери, Рафаел Бенитез…

Тој пристигнува на „Сент Џејмс Парк“ за да ја промени сезоната на Њукасл, бидејќи по 10 кола немаат победа и се претпоследни на табелата во Премиер лигата.

 

Слични содржини