Њукасл потврди: Избран е тренерот кој ќе го води најбогатиот клуб во светот

од Nikola Popovski

Њукасл и официјално потврди дека нов тренер на клубот е Еди Хауи, како што беше најавено во претходните денови.

Англичанецот потпиша договор до летото 2024 година.

Со тоа, Хауи ќе биде на клупата на клубот кој стана сопственост на саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој стана најбогатиот сопственик на фудбалски клуб во светот.

Тој е познат како тренерот кој го донесе Бурнмаут низ сите четири ранга на англискиот фудбал во Премиер лигата и го задржа пет години од 2015 до 2020 година, кога ја напушти клупата.

Во кариерата водеше 545 натпревари. Има 228 победи, 114 нерешени и 203 порази.

„Голема чест е да се стане тренер на голем клуб како Њукасл. Ова е голем ден за мене и целото мое семејство“, рече Хау.

Тој очекува голем предизвик во новата работа.

„Ова е одлична можност за мене, но ни претстои многу работа. Едвај го чекам првиот тренинг и да почнам да работам со играчи. Сакам да им се заблагодарам на клубот и на сопствениците за можноста што му ја дадоа и одличниот пречек што ми го приредија. Нека започне нашето патување“.

Според многубројните натписи во претходните денови, Хауи е избран откако Антонио Конте и Унаџи Емери го одбија местото.

Слични содржини