Нуланд: Украина има капацитети за биолошки истражувања, руските трупи би можеле да ја преземат контролата над нив

од Vladimir Zorba

Американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд изјави дека во Украина има капацитети за биолошки истражувања и дека Киев и Вашингтон во моментов работат на тоа собраните материјали да не паднат во рацете на руските сили.

За време на обраќањето во Сенатот, Нуланд беше прашанa дали во Украина има хемиско или биолошко оружје.

„Украина има капацитети за биолошки истражувања. Загрижени сме бидејќи руските трупи би можеле да се обидат да ја преземат контролата над нив. Затоа работиме со Украинците за да спречиме каков било истражувачки материјал да падне во рацете на руските сили“, изјави американскиот заменик државен секретар.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека САД ја финансирале работата на лабораториите во Украина, а во нив инвестирале повеќе од 200 милиони долари.

Како што е наведено, работата на биолошките лаборатории што ја следат руските сили за радијација, хемиска и биолошка заштита од 2014 година е програма што ја спроведуваат Соединетите држави под покровителство на таканаречената „реформа“ на украинскиот здравствен систем.

Слични содржини